Во секојдневното работење на компаниите има многу оперативни активности кои се меѓусебно зависни. Овие активности ги има и кај големите и кај малите компании независно од дејноста, територијата на дејствување и начинот на организирање. Секоја компанија има своја специфичност но сите тие имаат заеднички карактеристики и зеадничка потреба: ефективно интегрирано управување со сите компаниски процеси.

SSB ERP е сеопфатна алатка наменета за вкупно интегрирано управување со деловните операции. Решението може да се адаптира на било кој тип на организација и на било која големина на компанија. Интегрираниот пристап овозможува достап до единствените податоци и информации од било кој сегмент на работењето, од една срана, и едноставно користење од друга страна. 

SSB ERP овозможува покривање на многу процеси меѓу кои се сметководство, финансии, набавки, залихи, продажби, основни средства, плати и уште многу други процеси од општото деловно работење на компаниите. На SSB ERP се придружени уште многу други наменски решенија кои обезбедуваат одговор на специфичните потреби на различни индустрии - управување со магацини, малопродажба, употреба на мобилни компјутери и др..

Сигма-СБ со SSB ERP обезбедува сите комапниски операции да се евидентираат во еден единствен интегриран систем кој лесно се прилагодува кон Вашите потреби. Сите операции директно се рефлектираат на сметководствената и финансиска евиденција во компанијата со што се овозможува увид во реално време на резултатите од работењето - биланс на успех и биланс на состојбата. Со SSB ERP вие можете:

    • во реално време да ги ја следите реализацијата во однос на планираното
    • да ја зголемите котролата на клучните параметри на трошоците на работењето и да бидете проактивни наместо реактивни
    • да имате котрола над веродостојноста на работењето преку 3 чекорен систем за контрола на податоци

SSB ERP е стабилно решение кое многу компании го користат за да го движат нивниот бизнис. За повеќе информации како да го ставите SSB ERP и останатите решенија на Сигма-СБ да работат за вас, Ве молиме да нé контактирате.

 

Методологија за имплементација

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.