Опрема – услуги за избор, набавка и одржување

Информатичката опрема претставува основа за функционирање на ИТ системите. Од изборот на квалитетот на опремата во употреба зависи квалитетот на целосниот ИТ систем врз кој се базираат деловните процеси. Денес ИТ опремата има не помало значење за компаниите од било која друга опрема: машини, возила.. Затоа кон изборот на типот и производителот на опремата треба да се пријде со крајно внимание. Од тоа зависи иницијалниот трошок, но и трошокот за одржување. Но уште поголемо влијание на изборот има фактот дека таа опрема се користи како интегрален дел од деловните активности, каде секој застој значи загуба. Според тоа, опремата треба да одговара на користењето, т.е. да го задоволи најминималното ниво на квалитет кое местото на употреба го налага.

Денешните трендови на брз технолошки развој предизвикуваат брза промена на технологиите, а со тоа и на опремата која се користи. Сето тоа го прави изборот на опрема уште посложен.

Наш пристап

Сигма-СБ е партнер на многу производители и дитрибутери на опрема со кои остварува долгорочна соработка. Преку ова партнерство Сигма-СБ воспоставува канали за размена на информации за стандарди, критериуми и нови трендови во производството на информатичката опрема. Нашиот продажен и технички тим постојано ги прати и анализира промените и донесува одлуки за избор на стандардна опрема за реализација на различни видови на проекти. Соодветно на тоа се прават обуки на техничкиот персонал за инсталација, користење и одржување на опремата.

Наши услуги

    • идентификација на потребите на корисниците
    • избор на можна опрема и cost/benefit анализа според потребни критериуми
    • пронаоѓање на дистрибутивен канал за набавка на опремата
    • процесирање на набавката со дополнителни финансиски услуги
    • испорака и инсталација
    • постпродажна поддршка

За повеќе информации како да ја користите оваа услуга, Ве молиме да нé контактирате.