Управување со матични податоци – Master Data Management (MDM)

Master Data Management (MDM)

Постигнете Вистински Интегритет на Податоците со решенијата за Управување со Матични Податоци на Сигма-СБ

За многу менаџери, перцепцијата како се одвива нивниот бизнис е како сложување на мозаик. Тие ги составуват малите парчиња на информации и се обидуваат да добијат точна слика на целината. Сепак, сликата ретко се комплетира целсно. Најчесто базата на матични податоци не е комплетна, понекогаш се појавуваат дупликати, а не е редок случајот кога за еден податок од ист артикл има различни вредности. Заклучокот е дека менаџерите одлуките за многу критични операции ги прават врз база на неточни или некомплетни информации.

Како специјалист за деловни решенија, Сигма-СБ нуди решенија за Управување со Матични Податоци дизајнирани да ги задоволат и најкомплексните потреби

Воспоставете Единствен Извор на Вистината

Со решенијата за Управување со Матични Податоци на Сигма-СБ, Вие ќе ги централизирате и ќе ги контролирате клучните организациски податоци, обезбедувајќи прегледност и единствена комапниска структура на матични податоци. Овие докажани решенија обезбедуваат вистински интегритет на податоците. Вие:

  • Имате реална слика на структурата на продажбата според неограничени категоризации
  • Имате вистинска залиха во вистинско време на вистинско место (продавница, магацин, производство)
  • Ги намалувате грешките и ја зголемувата ефикасноста преку синхронизација/дистрибуција на податоците кон и од дистрибуираните локации
  • На потребите одговарате веднаш и ефективно ги управувате промените
  • Достигнувате и одржувате вистински интегритет на податоците

Решенијата за Управување со Матични Податоци на Сигма-СБ се робустни и комплетни и можат веднаш да одговорат на Вашите потреби без дополнителни адаптации. За повеќе информации Ве молиме да нé контактирате.