Користењето на информатичките системи е слично како и користењето на било кои други технички системи. Самиот збор "систем" означува комплексност која е составена од повеќе составни делови. Од разни причини, понекогаш составните делови не се однесуваат според очекуваното, а тоа се рефлектира како проблем и на целиот информатички систем - тој не се однесува според очекуваното. Во тие услови потребно е системот да се оспособи да работи за најкраток временски период. За да се направи тоа, потребно е добро познавање на системот, но и добро познавање на работните процеси кај корисникот. Резултатот на овие активности треба да биде привремено и/или трајно отстранување на пречките во работењето. 

Наш пристап

Сигма-СБ има сопствена help-desk служба преку која обезбедува помош за корисниците при појава на било какви проблеми во тековното работење. Доколку проблемите се во опремата (софтвер и хардвер) веќе е потребна и техничка поддршка за нивно отстранување. 

Наши услуги

    • 8 или 24 часа на ден достапна телефонска поддршка (help-desk)
    • 8 или 24 часа на ден достапна техничка поддршка на терен

За повеќе информации како да ја користите оваа услуга, Ве молиме да нé контактирате.

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.