SSBWebEdi е наменет за купувачи кои не се во можност да инвестираат во интегрирано ЕДИ решение заради лимитирани можности за интеграција во сопствениот софтверскиот систем. Ова решение, исто така е погодно за купувачи кои сакаат да ги откријат бенефитите кои ги носи ЕДИ, или пак имаат мал обем на документи кои ги разменуваат со снабдувачите.

Со користењето на SSBWebEdi, купувачите ги имаат следните бенефити:

  • Нема трошоци за имплементација и адаптација на софтверот
  • Со работа се започнува во многу краток период
  • Брз одговор на нарачките од страна на снабдувачите. Доколку снабдувачот не е во можност да го испорача бараниот производ, купувачот веднаш може да бара негова замена
  • Видливост на процесот на
    • нарачка: кој и кога е испратена, каков одговор е добиен
    • испорака: кога е направена испораката
    • фактура
  • Ефикасен систем за составување на нарачки кон снабдувачите
  • Архива на сите пораки и случки
  • Можност за архива на е-фактури
  • Заштеда на време за споредба нарачано/примено
  • Достап до електронски каталог на артикли од снабдувачите поврзан на ГС1 каталог