Бенефити од имплементација на SSBEdi во секојдневното работење во НЕЛТ СТ

За Нелт СТ во Македонија

Повеќе од 20 години Нелт гради успешни патишта, со помош на искуството, знаењата и посветеноста во работењето. Нелт секогаш бил чекор напред со своите иновации така што сакавме да одиме чекор напред и во стандардните дефиниции за компаниска култура.

Ги дефиниравме основите на нашето работење, ги донесовме преку одлуки кои сакаме да ги спроведуваме, реафирмиравме професионални определби кои нашата компанија ги применува во секојдневното работење. Оваа стратегија која ја нарековме ТРИО, е начин и патоказ за сите кои работат во Нелт, како да станат амбасадори на нашата компанија, на работното место и било каде да се наоѓаат. Исто така нашите вредности се нашата лична карта, показател на нашиот етички и одговорен пристап кон бизнисот.

Развојот за нас значи опстанок. Во таа насока, се трудиме супериорно да ги покриеме пазарите на кои работиме, да јa прошириме продажбата и дистрибуцијата, да го унапредиме обезбедувањето на логистички услуги со примена на најмодерна технологија и стандардизација во работењето.

Вложуваме постојани напори за да останеме лидери во користењето на напредните информациски технологии затоа од неодамна го имплементиравме SSBEdi решението.

“Инвестицијата за воведување на SSBEdi е минимална во однос на заштедата во време која ја имаме со неговото користење. Имаме повеќе време да се фокусираме на останатите активности” – вели Методија Христовски, менаџер на логистика во Нелт СТ.

Состојба пред имплементација на SSBEdi

Од особена важност за Нелт е одржување на високо ниво на задоволство кај нашите клиенти. За да се постигне тоа потребна е целосна контрола на нарачките од нашите клиенти и со тоа навремена испорака на бараната роба. Тоа што не смееме да дозволиме да се случи е да нашите клиенти имаат празни полици кои треба да бидат исполнети со производите кои што ние ги дистрибуираме и со тоа да губат продажби. За да го постигнеме тоа ни беше потребно решение кое ќе ни овозможи да имаме “слика” за сите нарачки во реално време. Тоа беше исклучително тешко да се постигне посебно доколку се има предвид фактот дека дневно имаме неколку стотици нарачки.

Затоа кога бевме за прв пат запознаени со услугата SSBEdi веднаш се заинтересиравме за истата. Стапивме во контакт со Сигма СБ да добиеме подетални информации за имплементирање на SSBEdi на нашиот постоечки систем и кога ги договоривме сите детали започнавме со имплементацијата.

Предности од користење на SSBEdi

Со олеснување и поедноставување на процесот на обработка на документи нашата компанија ги остварува следните бенефити:

  • Воспоставена е цврста и континуирана комуникација со трговските партнери – нема недоразбирања од типот погрешно пренесена нарачка или погрешно искуцана нарачка;
  • Зголемено е нивото на задоволство кај купувачите – ги опслужуваме нашите купувачи брзо и точно;
  • Зголемена е брзината на бизнис комуникацијата – се прескокнуваат чекорите кои во текот на бизнис комуникацијата се повторуваат;
  • Зголемена е точноста и прецизноста – субјективните грешки при внесување на податоци во компјутерскиот систем се елиминирани;
  • Ги намаливме оперативните трошоци – се крати времето за обработка на документи со што се заштедуваат неколку работни часови неделно;
  • Ја зголемивме конкурентноста – компаниите кои користат SSBEdi и ја унапредуваат комуникацијата со трговските партнери се посакувани соработници;
  • Ја зголемивме ефикасноста – нашата компанија опслужува поголем број на нарачки во одреден временски период;
  • Подобрен е готовинскиот тек на нашата компанија – со скратување на циклусот “издавање на фактура плаќање на фактура”.

“Со тоа што го имплементиравме SSBEdi ги ограничивме трошоците, станавме пофлексибилни и ја зголемивме оперативната ефикасност. Нашата соработка се базира на глатка и транспарентна комуникација помеѓу нашиот тим и тимот на Сигма СБ, како и на нивната целосна достапност во секое време. Во иднина ќе се стремиме кон уште поактивна соработка” – вели Методија Христовски, менаџер на логистика во Нелт СТ.