Користете хостирано решение на кое ќе почнете да работите за 15 минути!

Многу трговци на големо и мало не сакаат да размислуваат за квалитетни софтверски решенија бидејќи мислат дека за тоа е потребна голема инвестиција. Уште повеќе, за користење на самото софтверско решение се потребни скапи и долги обуки. 

Набавката на софтвер за деловно работење никогаш не била поедноставна од сега. SSB Express е најмалата верзија на софтверскиот пакет на SSB ERP. Express верзијата е наменета за самостојни трговци кои немаат внатрешно сметководство. 

Олеснете си го секојдневието, ослободете се од грижата за софтвер, користете хостирано решение за Вашиот бизнис.

Сигма-СБ, врз база на своето директно искуство во развој и имплементација на софтверски решенија, специјално дизајнираше решение кое ефикасно ќе одговори на потребите на малите претпријатија:

    • самостојна брза инсталација и почеток со работа за 15 мин.
    • потребен е било каков компјутер не постар од 6 години и интернет конекција
    • не е потребен дополнителен скап сервер
    • обезбедено одржување на базата на податоци и заштита од бришење на податоците
    • ги има сите потребни функционалности за самостојно работење
    • изобилство на бесплатни видео обуки и упатства
    • едноставна употреба
    • голем број на извештаи


За да дознаете повеќе како може да ги искористите предностите на SSB Express, превземете ја брошурата или контактирајте нé.

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.