Комплетно Автоматизирајте го Управувањето со Магацин и Оптимизирајте го Планирањето на Транспортот

Како што се развиваат моделите за снабдувачки канали и како што релациите со снабдувачите стануваат поблиски, процесот на складиштење и транспорт на стоките стануваат уште покомплексни. Организациите станаа управувани според трошоците и еколошки свесни во нивните напори да ги оптимизираат операциите во магацините и да ги намалат трошоците за транспорт на минимум.

Со решенијата за Складиштење и Транспорт на Сигма-СБ, вклучувајќи автоматизација со безжична технологија и напредни стратегии за оптимизација, на компаниите им дава можност да ги направат функциите за складиштење и транспорт уште поефикасни. Овие технологии сосема ги менуваат условите за складиштење и помагаат за поставување на логистички стратегии од кои корист имаат бизнисите, потрошувачите и планетата.

Изградете Логистички Стратегии од кои Корист имаат Бизнисите, Потрошувачите и Планетата

Како водечки специјалист во индустријата, Сигма-СБ нуди модуларни решенија специјално дизајнирани да одговорат на специфичните предизвици за складиштење и транспорт со кои се соочуваат организациите:

    • Комплетно автоматизирани операции во магацин кои даваат постојана видливост на операциите од прием до испорака
    • Безжично управуван систем без употреба на хартија за зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците
    • Намалени транспортни трошоци и намалена емисија на јаглерод преку оптимизација на капацитетот на возилата и оптимизирани рути за транспорт

За повеќе информации како може Сигма-СБ да Ви помогне драстично да ја зголемите ефикасноста и ефективноста на операциите за складиштење и транспорт, Ве молиме да нé контактирате.

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.