Искористете ги придобивките од деловните решенија на Сигма-СБ 

Сигма-СБ, врз база на долгогодишното искуство, изгради проверени решенија кои одговарат на специфични потреби кај организациите. Овие решенија даваат можност за комплетно организирање на специфичните процеси, при што огромно внимание се обрнува на инволвираноста на сите чинители за добро поставен и извршуван процес: 

    • Дизајн на стратегија во форма на know-how, преку внимателно избрана докажана методологија/стандард/најдобри пракси за работа во областа
    • Изградени и докажани софтверски алатки кои одговараат на стратешкиот пристап
    • Имплементација, техничка и организациска, на решенијата внатре во постоечкиот процес и интеграција на специфичните карактеристики кои ги поседува организацијата
    • Соодветни обуки за користење на поставениот систем за сите учесници во процесот од извршители до менаџери
    • Мониторинг на веќе поставените процеси и активности за нивно оптимизирање и подобрување 

Фокусирајте се на Вашите клиенти, Искористете го достапното знаење на Сигма-СБ, Доворете ни ја задачата нам 

Тимот на Сигма-СБ постојано ги прати новитетите во индустријата и прави сопствени истражувања за нивно практично искористување во бизнисите. Со нас:

    • нема потреба да го разбирате информатичкиот јазик за да ја користите информатичката технологија
    • Вие се фокусирате на развојот на спецификите на Вашиот бизнис
    • имате повеќе квалитетно време за Вашите клиенти, добавувачи, вработени, инвеститори, општеството и животната околина

За да дознате како Сигма-СБ може да ја зголеми вашата конкурентност и да обезбеди непречен раст на Вашиот бизнис, Ве молиме да нé контактирате. За повеќе информации за специфичните решенија погледнете го менито на левата страна.

 

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.